Campaigns

ИАКО ГО ОБВИНИЈА ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД: Кевин Спејси се врати со збунувачко видео и стана хит

24 дек 2018

Кевин Спејси, двојниот оскаровец, но и обвинет за сексуално малтретирање, направи необично враќање во јавноста.

В очи Божиќната вечер, актерот објави видео во кое ја рекреира улогата на Френсис Андервуд (Francis Underwood) од познатиот политички филмски серијал „Куќа од карти“ (House of Cards).

Сепак, неговиот „камбек“ не е случаен. Видеото е објавено вчера, на 24 декември, датумот на кој тој беше обвинет дека извршил сексуален напад врз малолетно момче.

Кусото видео е насловено „Let me be Frank“ и во него тој прави паралела меѓу ликот од политичкиот серијал и обвинувањата дека е сексуален предатор. Во монологот пред камерата, Спејси посочува дека е обвинет без да му се суди, исто како што бил обвинет ликот од серијалот.

Oбјавата на видеото ги зовре социјалните мрежи. За само еден ден од објавата, неговиот фингиран видео камбек достигна милионска гледаност што предизвика жестоки онлајн караници за неговата вина.

Судењето на актерот треба да стартува на почетокот од јануари, 2019 година. Toj e обвинет дека во 2016 година извршил полов напад врз тинејџер.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме