Local

НЕМА ФОТОСЕСИИ СО ПЕЈАЧКИ И СПОРТИСТКИ: Пелистерка го замени календарот со апликација

26 дек 2018

Традиционалниот печатен календар на компанијата Пелистерка годинава ќе биде заменет со апликација. Навиките на новите генерации биле причина за создавање продукт што ќе го отсликува новото време.

Освен стандардниот календариум, апликацијата има уште неколку функции, поврзани со здрави животни навики.

Календарот беше наш заштитен знак, но новите генерации со себе носат и едно ново време. А во тоа ново време, повторно ќе претендираме да бидеме први во она што нив ги прави среќни“, вели Тања Панделеска, маркетинг директор на Пелистерка.

Според објаснувањето од компанијата, апликацијата ќе содржи информации за спортски настани, културни случувања, концерти, филмски проекции. Таа ќе функционира и како организатор за дневни активности.

„Основната функција на апликацијата ќе биде да ве потсетува дека е важно редовно да консумирате вода“, се вели во соопштението од компанијата.

Ова е големо изненадување од страна на Пелистерка, со оглед дека до сега нивниот календар беше препознатлив по фотографиите од познати лица од естрадата, како и од спортот.

На календарот за 2017 година, се појави и балканската музичка ѕвезда, Северина, а на календарот за 2018 година позираа домашни спортистки.

 

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме