Creative

СТОТИЦИ ПАРКУР СПОРТИСТИ НА УЛИЦИТЕ: Новата реклама за Ајфон го одзема здивот (видео)

30 дек 2018

Рекламни видеа со паркур-спортисти не се новост. Се појавуваат претежно во кампањи на спортски брендови, но ги има и во сектори каде спортските активности не се главна одлика на брендовите.

Најчесто се појавуваат по неколкумина спортисти во едно видео. Но, гигантот „Епл“ отиде повеќе чекори понатаму. За новата реклама биле ангажирани неколку стотини паркур-спортисти што ги прикажуваат своите вештини низ урбани предели.

За потребите на видеото, спортистите се облечени во различни бои. Тоа е асоцијација за богатството од бои што се добиваат преку новиот iPhone XR екран.

Во дел од сцените има движења што се исклучително опасни и каскадерски. Поради тоа има и предупредувања дека гледачите не треба да се обидуваат да ги изведат.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме