Campaigns

КОГА ПР-СЛУЖБАТА СИ ЈА ЗНАЕ РАБОТАТА: Путин играше хокеј за промоција на рускиот национален спорт

30 дек 2018

Рускиот претседател Владимир Путин се појави на хокеј натпревар во Москва. Но, тој не беше гледач, туку се облече во целосна опрема и се појави на мразот, привлекувајќи го вниманието на медиумите и на гледачите.

Се работи за редовен годишен натпревар од аматерската хокејарска лига што се организира во Русија. Лигата во 2011 година ја формираше Путин, а со цел да придонесе за уште поголема популарност на овој спорт во Русија, што веќе со децении се игра на професионално ниво.

На натпреварот учество земале и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, како и хокејарските ветерани Вјачеслав Фетисов и Павел Буре.

Путин секоја година игра најмалку еден меч од оваа лига.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме