Digital

ПРОДОЛЖУВА ДИГИТАЛНАТА РЕНЕСАНСА: Каков ќе биде маркетингот на полето на технологијата во 2019та

02 јан 2019

Голем дел од своето време маркетерите го поминуваат на крстосницата меѓу маркетиншките планови и технологијата што е поврзана со нивната реализација. Програматското рекламирање, вештачката интелигенција, машините што учат, се само дел од пејсажот „алатки“ што се користат во денешниот маркетинг.

Според магазинот „Adweek“ денес индустријата на креативните комуникации се наоѓа во т.н. технолошка ренесанса. Таквата слика, во голема мера, останува и во текот на 2019 година.

Ова се петте прогнози на маркетинг-магазинот за промените што ќе се случат во технолошкиот еко-систем во текот на оваа година.

Помали буџети за маркетинг водат до помали технолошки експерименти

Според предвидувања на истражувачката компанија „Гартнер“, буџетите за маркетинг годинава ќе се намалат. Тоа ќе значи дека ќе се бара маркетиншка оправданост за трошоците. Повеќе внимание ќе се посвети на интегрирани кампањи, како еден од начините за штедење.

Задржување на постоечките потрошувачи, наместо потрага по нови

Според истражување на „Invesp Consulting“, пак, денешните маркетинг организации трошат повеќе на привлекување нови корисници, отколку на задржување на постоечките.

Анализите покажале дека трошоците да се привлече нов корисник се петпати поголеми, отколку да се задржи постоечкиот. Воедно, веројатноста да му се продаде на постојан корисник се 60 проценти, додека на нов корисник само пет проценти.

Поврзување меѓу персоналното и онлајн пазарувањето

Според извештај на „Statista“, електронската трговија во 2018 година се очекува да надмине 2,8 трилиони долари на глобално ниво, додека онлајн трансакциите пораснале трипати повеќе од т.н. „офлајн“ трансакции. Сепак, голем дел од населението, околу педесет проценти, особено во САД, и натаму преферира да пазарува во маркет.

За да се задоволат потребите и на едните и на другите потрошувачи, очекувањата се дека компаниите нивните „omnichannel“ капацитети ќе ги зголемат на ниво на коешто потрошувачите ќе уживаат повеќе бенефити.

Скриени податоци за корисниците

Искуствата со протекувањето кориснички податоци од Фејсбук кон трети страни, ја зголеми свесноста за заштита на потрошувачите. Како последица од тие скандали почнаа да се формираат т.н. „walled gardens“, односно заштитени онлајн зони во кои корисниците се чувствуваат безбедно во однос на достапноста кон нивните податоци.

Предвидувањата велат дека маркетингот ќе биде насочен кон тие заштитени зони, за да се допре до тие корисници, чиј број е сè поголем.

Издигнување на вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција внесува револуција во дигиталниот свет, а последователно зависноста на маркетерите од таа технологија рапидно ќе расте.

Главните очекувања се дека компаниите масовно ќе се фокусираат на податоците од дигиталните анализи, како и врз виртуелните платформи и машините што учат. Заклучокот е дека, како што технолошкиот пејзаж ќе се менува, така со исто темпо, во ИТ насока ќе се менува и маркетингот.

(AdToDate.mk/Извор:Adweek)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме