Creative

КЛАУСТРОФОБИЈА, МИСТЕРИЈА, ХОРОР: Апокалиптична најава за филмскиот фестивал во Гетеборг

07 јан 2019

Од 25 јануари, до 4 февруари во Гетеборг ќе се одржи 42 Филмски фестивал, кој е еден од позначајните во нордиската филмска продукција. Годинава фокусот е на фестивалот е апокалипсата.

Во тој контекст е направено и најавното видео, коешто изгледа како кус постапокалиптичен филм. Видеото е наречено „Најклаустрофобичното кино во светот“. Преку него е упатена покана до вљубениците во филмот што поскоро да си обезбедат место за проекции зашто се во ограничен број.

Во насока на фестивалската тематика е креиран и постерот за фестивалот. Автор е уметникот и дизајнер Јеспер Валдерстен.

„Се работи за наоѓање на кутијата што може сè да собере. Место каде идејата, егзекуцијата и хаосот одлично се вклупуваат меѓусебно“, објаснува уметникот.

Јеспер додава дека при дизајнирањето на плакатот се водел од различни замисли за апокалипсата како термин.

„Тоа е флерт меѓу класичниот хорор и филмскиот простор од филмовите на Дејвид Линч и Карпентер“, објаснува Валдерстен.

Зад реализацијата на рекламната кампања за фестивалот стои агенцијата „Stendahls“ од Шведска.

 

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме