Creative

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ТОПЕЊЕ: Новата реклама за Дизниленд е повеќе од маѓична (видео)

08 јан 2019

Ова е најслаткото видео што го имам видено до сега, ова е маѓично, најдобрата реклама некогаш направена за Дизниленд... Тоа се само дел од бројните коментари и реакции низ социјалните мрежи упатени кон креаторите на новото рекламно видео за Дизниленд во Париз.

Видеото беше објавено на 25 декември и до денес прибра речиси два милиона прегледи и стотици илјади шерувања преку социјалните мрежи. Реакциите кај јавноста се чини се повеќе од очекувани.

Во фокусот е мала патка што случајно открива сликовница со познатиот анимиран лик Пајо Паторот. Патчето секој ден ја гледа сликовницата и  се воодушевува на познатиот Дизниев лик.

Но, кога треба да заминат со семејството, патчето нема сила со себе да ја понесе сликовницата и таа паѓа во барата.

Сепак, како и секоја приказна на Дизни, авантурата завршува среќно, а патчето го сретнува Пајо Паторот.

Погледнете го кусото видео и веруваме дека и вие ќе реагирате позитивно како и стотици илјади корисници на социјалните мрежи низ светот.

Зад ова рекламно видео стои агенцијата BETC од Париз.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме