Creative

ЧОВЕКОТ ШТО СЕКОЈ ДЕН СЕ БУДЕШЕ ВО РАЗЛИЧЕН КРЕВЕТ: Комична и брилијантна приказна во една минута

09 јан 2019

Доколку денеска треба да се гласа за најдобрата реклама посветена на хотелиерство, тогаш приказната за „Човекот што секој ден се буди во различен кревет“ повеќе од сигурно ќе застане на врвот.

Трае една минута и сцените што се редат една по друга, веднаш ги освојуваат гледачите.

Концептот не е нов. Веќе сме виделе во филмскиот свет приказни во кои главните ликови патат од амнезија и се будат на места на кои не се сеќаваат како стигнале.

Но, комичниот пристап на авторите го прави ова видео уникатно, со големи изгледи да стане вирален хит.

Тоа што го гледаме е машки лик, којшто секој ден се буди на различни места. Некои се опасни, некои непријатни, а некои, едноставно, се места каде никој не би сакал да биде.

Но, за негова среќа, кога го прави вистинскиот избор, се буди во хотелски комплекс со сите благодети што таму следат.

Во основа се работи за рекламно видео за британски туристички портал „Thomas Cook“. Идејата е дека доколку се престојува во хотели што се партнери на „Thomas Cook“ тогаш одморот е уживање. Во спротивно, ќе биде еднаков на будење над бездна.

Видеото слободно погледнете го повеќе пати, вреди за сето одвоено време. Зад неговата реализација стои агенцијата „Албион“ од Лондон.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме