Campaigns

ЕМОТИВНА КАМПАЊА ОД МЕРЦЕДЕС: На што сè се подготвени родителите за среќата на своите деца (видео)

06 фев 2019

Родители што прават сè за своите деца и внуци и се држат до својата уникатност без грижа дали некој им се потсмева.

Такви карактери се прикажани во новата рекламна кампања за новите возила од Б-класа на автомобилскиот гигант „Мерцедес“.

Пораката од двете видеа е дека грижата за семејството е на прво место, колку и да изгледа тоа чудно и неприлагодено кон остатокот од општеството.

Во двете видеа гледаме возрасни мажи, кои прават сè за да им го разубават денот на своите блиски. Едниот од нив е професор, кој својата внука ја носи со себе додека предава на факултет.

Вториот, пак, е татко што се преправа себе си во принцеза, само за да ја израдува својата ќерка.

Во дел од пораките се вели дека „Ова е 21 век и не треба никому да се правдате“. Воедно се додава дека грижата за семејството е секогаш на прво место.

Зад двете видеа од кампањата стои германската агенција „Антони“ од Берлин.

(AdToDate.mk)

tags:



Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме