Најпознатиот норвешки бренд за сексуални помагала „Kondomeriet“ годинава слави 30 години постоење. По тој повод решија да се рекламираат со видео, чија содржина не е сосема соодветна за гледање во јавност.
Рекламното видео е именувано „Food porn“ и во ниту еден момент не прикажува голoтии, ниту секс. Сè што им се „сервира“ на гледачите е примамлива и вкусна храна, но асоцијацијата во снимените сцени е многу јасна.
Зад оваa креативна и добро смислена кампања стои тимот на норвешката маркетинг агенција „Пол“ од Осло.
Видеото нема експлицитна содржина за возрасни, но пораката што ја испраќа брендот е повеќе од разбирлива.
(AdToDate.mk)