Ѕвездите од социјалните мрежи, односно т.н. инфлуенсери се опседнати со тоа како изгледаат и како ќе му се покажат на светот, наместо да уживаат во едноставна облека и во работите што ги опкружуваат.
Тоа една од пораките што се упатуваат во новиот серијал рекламни видеа на познатиот италијански бренд „Дизел“.
Во едно од видета се прикажани девојки во ресторан, кои наместо да уживаат во храната, времето го поминуваат во „фаќање“ добар кадар за да пласираат на социјалните мрежи. Во исто време, обичните млади, т.н. „followers“ уживаат во вкусовите.
Во серијалот куси видеа прикажани се два вида парови. Во една од сцените се „инфлуенсери“, а во друга се млади што не се грижат колкумина ги следат на „Инстаграм“ или „Фејсбук“.
Тие што се поедноставни, повеќе уживаат во времето посветено еден на друг.
Зад новата рекламна кампања на „Дизел“, насловена „Be a Follower“, стои агенцијата „Публицис“ од Милано.
Повеќе видеа од новата кампања на „Дизел“ можат да се погледнат на нивниот канал на „Јутјуб“.
(AdToDate.mk)