Три фрази што означуваат зближување меѓу луѓето се најпреведувани во светот преку преведувачот на Гугл. Тоа се фразите: „Како си?“, „Благодарам“ и „Те сакам“.
Според новото рекламно видео на Гугл, секојдневно низ светот се преведуваат по 100 милијарди зборови.
Преведувањето, само по себе значи зближување меѓу луѓето од различни нации. Токму таа страна е истакната во новата рекламна кампања на глобалниот пребарувач, којшто беше прикажана минатата недела за време на финалето во американски фудбал.
За оваа реклама гигантот плати над десет милиони долари. Годинава финалето се емитуваше на телевизиската мрежа CBS, а емитување на спот од 30 секунди чинеше 5,25 милиони долари.
(AdToDate.mk)