Џо Пеши, еден од главните негативци во легендарниот филм „Сам дома“ се приклучи во рекламната кампања на Гугл, а во која се рекреирани дел од сцените што пред триесет години ја забавуваа публиката.
За време на божиќните празници Гугл изненади со рекламното видео во кое актерот Меколи Калкин повторно ја игра улогата на малиот Кевин.
Истата реклама доби продолжение за време на Супербол-викендот во САД, при што главни актери во продолжението се крадците од популарниот филм.
Во новото рекламно видео го гледаме актерот Џо Пеши како во кругот на своите пријатели ја гледа божиќната реклама со Меколи Калкин.
Изненадувачки, видеото надмина гледаност од 13 милиони за само една недела откако беше емитувано. Двете видеа се за промоција на гласовниот асистент на Гугл.
Колку за постетување, подолу можете да го видите видеото во кое Меколи Калкин после триесет години ја репризира улогата на малиот Кевин.
(AdToDate.mk)