Creative

ПАТУВАЊЕ НИЗ ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ: Ридли Скот се врати во светот на рекламите со епско видео

12 фев 2019

Епско патување низ просторот и времето е новото рекламно видео за коњакот „Hennessy X.O“, режирано од легендарниот Ридли Скот. Неговото дело повеќе наликува на кус филм од жанрот на научната фантастика, отколку на реклама.

Видеото е насловено „Седум светови“ и претставува патување низ вонземни простори со бројни визуелни доживувања.

Во четири минути се спакувани седум посебни приказни за различни светови. Иако спотот е кус, гледачот добива впечаток дека изгледал цел филм исполнет со авантуристички откритија.

Во основа тоа е и целта на видеото, кое завршува со фразата „Секоја капка од Hennessy X.O е еднаква на Одисеја“.

Во една од сцените се појавуваат и статуетките од филмските награди Оскар. Ниту тоа не е случајно, зашто спотот ќе биде прикажан токму за време на годинешното доделување на оскарите што ќе се одржи на 24 февруари.

Зад осмислувањето на новата кампања за познатиот коњак стои агенцијата DDB Paris.

Покрај оригиналниот спот, снимено е и видео во кое се објаснува како е направена рекламата. Интересно е да се види и како се одвивал процесот на креирање на оваа мајсторска рекламна приказна.

(AdToDate.mk)

tags:



Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме