Ништо не ги запира лицата со Даунов синдром од стремежот да успеат во општеството. Тоа можат да го остварат уште полесно кога околината ќе застане во нивна поддршка и нема да ги отфрли поради нивните наводни ограничувања.
Ова е фокусот на новата кампања на најголемата организација во САД што се грижи за инволвирање на лицата со Даунов синдром, „National Down Syndrome Society“.
Организацијата ќе одржи низа активности во текот на идниот месец, што ќе бидат дел од глобалните настани поврзани со 21 март, Светскиот ден посветен на лицата со Даунов синдром.
Со новото видео на гледачите им се укажува дека овие лица не се откажуваат лесно од своите стремежи и дека не знаат за никакви ограничувања, иако општеството многу често ги отфрла.
Зад кампањата стои агенцијата „Saatchi & Saatchi“ од Њујорк.
(AdToDate.mk)