Светската организација за заштита на животните (World Animal Protection) спроведе социјален експеримент на најголемата железничка и метро станица во Њујорк, Гранд централ.
Делови од влезовите кон метро-пероните, кои се направени од метални ротациски врати, беа модифицирани во „кафези“ за луѓе.
Во мигот кога патниците сакаа да се упатат кон метро-станицата, металната врата се заглавуваше и тие остануваа затворени во импровизирана стапица. Инстинктивно луѓето сакаа веднаш да се ослободат од кафезот во кој се најдоа.
Идејата со овој експеримент е да се покрене свеста за борба против бруталноста што се применува врз животните во животинските фарми.
Зад реализацијата на оваа општествено одговорна кампања стои агенцијата Serviceplan Group.
(AdToDate.mk)