За повеќе од еден процент паднаа акциите на Најк минатата недела на берзата во САД. Иако падот не е голем и вообичаено не би предизвикал внимание, овојпат американските медиуми сериозно се зафатија со овој случај.
Причина за падот беше бизарен инцидент со нова растечка ѕвезда во американската кошарка. За време на дуел во колеџ-лигата, патиката на кошаркарот Зион Вилијамсон буквално се распадна.
Патиките што ги носеше на себе на тој дуел беа производство на Најк.
Со оглед дека се работеше за битен натпревар, на кој присуствуваше и поранешниот американски претседател Барак Обама, видеото од инцидентот бргу стана вирално преку социјалните мрежи.
Настанот се случи во средата, за време на т.н. драфт-дуел, во кој кошаркари од колеџ-лигата се избираат за настап во професионалната НБА лига.
Очите беа свртени кон Вилијамсон, кого веќе го споредуваат со кошаркарските ѕвезди во САД. Но, инцидентот го сврте дуелот во друга насока.
Тоа што требаше да биде триумф за Вилијамсон, и за Најк во исто време, се претвори во фијаско. После распадот на патиката, Вијамсон се здоби со повреда, а веќе следниот ден дојде и до пад на акциите на Најк, како и големо исмевање за компанијата и за квалитетот на нивните производи.
Од „Најк“ побрзаа да се оправдаат и да ја намалат штетата врз брендот.
„Квалитетот и перформансите на нашите производи се наша приоритетна цел. Со оглед дека се работи за изолиран инцидент, ќе работиме на идентификување на проблемот“, стои во соопштение од компанијата.
Минатата година „Најк“ потроши 11,5 милиони долари за рекламирање, што е околу третина од годишната продажба. Компанијата спонзорирала 85 спортисти од кошаркарските тимови во колеџ-лигата.
Од „Најк“ исто така велат дека социјалните мрежи и можноста за брзо ширење на негативна слика за брендот се уште поголем предизвик за да го оправдаат квалитетот на нивните производи.
Сепак, и покрај критиките и виралните видеа, аналитичарите сметаат дека инцидентот нема да остави негативни последици на долг рок. Причина за тоа е што производите на овој бренд немаат лоша репутација, а распадната патика, засега, е само изолиран случај.
Here’s the knee injury that ended Zion Williamson’s pic.twitter.com/xWX1xFV4Y1
— ACT (@actionclutch) February 23, 2019
(AdToDate.mk)