Admen

МАРИЈА МИЛУШЕВА, NOBLE GRAPHICS TBWA: Неопходни се промени во креативната индустрија

07 окт 2018

Мораме да направиме измени ако сакаме да ги привлечеме и да ги задржиме најдобрите таленти, вели Марија Милушева, партнер и креативен директор во агенцијата Noble Graphics TBWA од Софија, Бугарија, во разговор за „AdToDate.mk“.

Милушева ќе биде еден од говорниците на годинашното издание на „Golden Drum“ што ќе се одржи од 17 до 19 октомври во Порторож, Словенија. Таа е алумни на иницијативата „See It, Be It“ што беше покрената на фестивалот „Cannes Lions“, a којашто е посветена на жените во индустријата на креативните комуникации.

Марија Милушева, Фото: Радина Ганчева
(Марија Милушева, Фото: Радина Ганчева)

***

ATD: Повеќе од 13 години сте во маркетингот, почнувајќи од копирајтер, па до креативен директор. Што ви вели искуството, што е погрешно во индустријата на креативните комуникации?

- Имам видено многу до сега, и со сигурност можам да кажам дека, кога станува збор за креативноста, најголемиот и најбитен капитал се луѓето.

Постои нешто што е погрешно во оваа индустрија и тоа многу повеќе ни одзема, отколку што ни дава. Но, нема да трае долго и мораме да направиме измени ако сакаме да ги привлечеме и да ги задржиме најдобрите таленти

Нашата индустрија со декади е под моќта на центрите на меѓународната трговија. Тоа се одразува и во мигот кога станува збор за човечки ресурси, за креирање позитивна и инклузивна работна култура и клима, како и за разбирање на потребите на вработените до фундаментално ниво.

Така што, да, постои нешто што е погрешно во оваа индустрија и тоа многу повеќе ни одзема, отколку што ни дава. Но, нема да трае долго и мораме да направиме измени ако сакаме да ги привлечеме и да ги задржиме најдобрите таленти.

ATD: Ќе бидете еден од говорниците на претстојниот „Golden Drum“. Темата на вашиот настап е „PMS Jokes are not funny. Period!“. Кон кого ја насочувате оваа порака?

- Насловот е само тизер и реферира кон главната тема: Жените. Но, во основа се однесува на секого. Ние, како човечки битија го гледаме светот низ предодредени правила, но тоа има и свои негативности. Затоа е потребно да ги истражуваме поврзаностите меѓу стереотипите и дискриминацијата, а во насока да добиеме подобра слика за себе си, за другите и за светот во којшто живееме.

 И натаму се потребни повеќе жени во топ-менаџментот, на позиции на кои се носат одлуките. Разноликоста е добра за бизнисот. Таа нуди нови перспективи и нови начини за работа

ATD: Каква е родовата рамноправност денес во адвертајзинг индустријата? Дали постои родова избалансираност и како таа влијае врз креативнот процес?

- Статистиките покажуваат дека има голем напредок на тоа поле, но и натаму се потребни повеќе жени во топ-менаџментот, на позиции на кои се носат одлуките. Разноликоста е добра за бизнисот. Таа нуди нови перспективи и нови начини за работа.

See it, Be it - Бугарија, Фото: Росина Пенчева
(See it, Be it - Бугарија, Фото: Росина Пенчева)

ATD: Дел сте од иницијативата „See It, Be it“ што стартуваше на фестивалот „Cannes Lions“, а којашто е посветена на жените во индустријата на креативните комуникации. Каков е придонесот од програма?

- „See It, Be it“ е наменета за поддршка на телентираните и успешни жени креативци. Целта е да се нагласи дека иницијативноста и видливоста се значаен дел од патот до лидерство. Ако лично не можеш да „видиш“ каков лидер би можела да станеш, тогаш е многу мала веројатноста тоа да го постигнеш.

Така, тоа што „See It, Be it“ може да го донесе на масата е силен микс од инспирација, менторство и голема самодоверба.

На сет со Noble Graphics and Switch, Фото: Георги Панчев
(На сет со Noble Graphics and Switch, Фото: Георги Панчев)

ATD: Креативната индустрија знае да биде многу тешка, но уште сте во неа. Како може да се „преживее“ во адвертајзингот, покрај исцрпувачките барања што ги наметнува?

- Едноставно, бидете љубопитни, разберете го светот како загатка и продолжете да се борите со ветерниците.

(Тоше Огњанов/AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме