Admen

ВИКТОР ИЛИЕСКИ, МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА: Се стремиме симфониската естетика да ја споиме со дизајнот

14 окт 2018

Нови паноа од неодамна се поставени на објектот на Македонската филхармонија. На паноата се поставени дизајни што отсликуваат музичари, инструменти и музика.

Паноата се дел од, како што вели директорот Виктор Илиески, брендирањето на оваа наша најстара културна институција.

Во кус разговор за „AdToDate.mk“, Илиески истакна дека тоа што се стремат да направат е на публиката да им се понуди целокупен пакет на уметност. Целта е, како што вели директорот, тоа што го создава Филхармонијата, естетиката на синмофинските дела, да биде споено со дизајнот како нов уметнички израз.

ATD: Што значи моментот на, како што велите, брендирање на Фихармонијата? Кој е поводот за тоа?

- Брендирањето одамна стана силна алатка за продавање на еден производ. Живееме во потрошувачко време, во потрошувачко општество, а како и сè друго, така и културата е неизоставен дел од тоа. Брендот е дизајн, но и име, симбол, и тој претставува идентификација на еден производ.

Ние се стремиме, покрај високиот професионализам кој што го негуваме со децении наназад, да го споиме и со дизајнот, како една од најпродаваните уметнички форми во последниов век, и на тој начин, во еден таков убав пакет, да го нудиме на нашата публика

Македонската филхармонија „произведува“ култура, музика, и тоа симфониска музика како највозвишена форма на музицирање, на естетско изразување.

Ние се стремиме, покрај високиот професионализам кој што го негуваме со децении наназад, да го споиме и со дизајнот, како една од најпродаваните уметнички форми во последниов век, и на тој начин, во еден таков убав пакет, да го нудиме на нашата публика.

Брендот е значаен дел и во сферата на културата, затоа што додава на вредноста. Ние сакаме да бидеме препознатливи и по тоа, покрај, како што реков, програмската концепција која што и ја нудиме на публиката.

Благодарни сме на „Идеја плус“ што ни излегоа во пресрет и што направија одличен дизајн на целата кампања со која ја стартувавме новата концертна сезона 2018/2019.

ATD: Која е пораката што се сака да се испрати со паноата поставени на дел од ѕидовите на објектот на Филхармонијата?

- Пораката е една и единствена - бидете дел од уникатни, неповторливи настани на Македонската филхармонија. Бидејќи, секој концерт на Македонската филхармонија е еден, тој нема реприза, не се повторува по неколку пати.

Со паноата поставени на надворешната страна од зградата сакавме да го направиме овој дом, покрај неговата архитектонска градба, препознатлив и по дизајнот. Да го збогатиме неговото „сивило“ и со други бои и да се идентификува со богатиот колорит на симфониската музика

Со паноата поставени на надворешната страна од зградата сакавме да го направиме овој дом, покрај неговата архитектонска градба, препознатлив и по дизајнот. Да го збогатиме неговото „сивило“ и со други бои и да се идентификува со богатиот колорит на симфониската музика.

Идејата е да се привлечат нови слушатели кои ќе станат во иднина наша редовна публика. Тоа особено се однесува на младата популација. Поривот е да се тргнеме од кичот, од музичкиот шунд, и да се насочиме кон врвното естетско музицирање.

ATD: Освен паноа, што друго опфаќа брендирањето?

- Паноата, програмските буклети, флаерите, видео рекламите... сè заедно прави еден пакет. Во зависност од настанот, тој се менува, но не отскокнува од првичната концепција.

Како дел од бренидрањето спаѓа и кампањата „Музика, не мобилни“, која порачува дека мобилните телефони треба да се исклучат за време на концерт, и засега поминува мошне успешно.

(Тоше Огњанов/AdToDate.mk)

Gallery: Македонска филхармонија, брендирање




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме