Admen

МИХАЕЛ МАСЛОВ, KETCHUM - МОСКВА: Пи-Ар професионалците ќе ги победат инфлуенсерите

16 окт 2018

Вистина е дека инфуенсерите на некој начин се соочија до ПР-от и со маркетингот, но верувам дека ПР професионалците ќе победат во оваа битка, вели Михаел Маслов, генерален директор и партнер на агенцијата „Ketchum“ од Москва, Русија.

Маслов ќе биде еден од предавачите на годинешното издание на фестивалот „Кактус“ што на 12 и 13 ноември ќе се одржи во Белград.

Во интервју за фестивалот тој зборува за улогата на инфлуенсерите во денешната индустрија на комуникации, истакнувајќи дека тие треба да бидат составен дел од сечија добра маркетинг стратегија.

- Макретингот со инфлуенсери постојано ќе расте благодарение на новите дигитални платформи. Секоја појава на нови социјални медиуми, води кон нови потенцијали и кон уште поголемо влијание од инфлуенсерите - истакнува Маслов.

Улогата на инфлуенсерите во секојдневната комуникација преку социјалните мрежи тој ја изедначува со времето на телевизија издвоено за реклами.

- ПР-от гради долгорочни односи со инфлуенсерите, додека маркетингот и адвертајзингот сакаат да купат пристап до публиката, исто како што се купува време за рекламирање преку телевизија - вели Маслов.

Сепак, предност им дава на ПР експертите, зашто работат на долгорочни стратегии во комуникацијата со публиката.

- Влијанието е основата на ПР-от, а ПР професионалците отсекогаш се занимаваа со тоа, со градење влијание. Тие денеска не се занимаваат само со новинарите и традиционалните медиуми, туку работат и со поединците што креираат содржина и градат своја заедница преку социјалните платформи - вели Маслов.

За самите инфлуенсери, пак, советува дека треба да внимаваат да бидат умерени кога застапуваат одреден бренд, зашто публиката може многу лесно да се почувствува изневерена.

- Луѓето генерално не сакаат да читаат или да гледаат премногу комерцијални содржини или активности што не се релевантни за нив, а особено откако ќе сфатат дека се прелажани. Тоа што треба да го застапува инфлуенсерот е правилна ревизија и балансирање на вредностите на брендот што тој го застапува. Нерамномерното застапување може да резултира со нанесување штета врз репутацијата на брендот - категоричен е Маслов.

(AdToDate.mk/Извор:Фестивал Кактус)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме