Admen

РОЏЕР ЕДВАРДС, MARKETING AND FINANCE: Маркетингот стана комплициран и нападен со агресивни реклами

28 окт 2018

Големите корпорации станаа комплицирани и тешко ги воведуваат новите технологии, вели Роџер Едвардс, маркетинг консултант од Единбург, којшто повеќе од 25 години е во полето на маркетингот.

Со години бил во маркетинг-врвот на големи корпорации, но решил да се тргне од таму и да почне да работи како консултант.

Фокусиран е на „content“ маркетинг, видео и радио подкаст, како и дигитални комуникации. Неговиот подкаст „Marketing and Finance“, како и неговиот канал на „Јутјуб“ - „Roger Edwards Marketing TV“ содржат видеа и емисии со одлични совети за секој што работи во маркетингот.

За своите искуства во маркетингот Едвардс ќе зборува на годинешното издание на Конференцијата за дигитален маркетинг, „AllWeb“, што на 16 ноември ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје.

Во интервју за „AdToDate.mk“, Едвардс зборува за пропустите што се случуваат во денешниот маркетинг и за начинот на кој не треба да им се пристапува на потрошувачите.

ATD: Често во вашите предавања ја нагласувате потребата од едноставен маркетинг. Што значи тоа, дали маркетингот стана многу сложен денес?

- Три работи моментално се случуваат во маркетингот.

Како прво, тоа што го слушаме за маркетинот е само дека е комуникациска тактика. Реклами. Промоции. Социјални медиуми. Електронски пораки.

Тоа за коешто малку се зборува се другите страни на маркетингот. Истражувањето. Да се дознае повеќе за потрошувачот и што се неговите потреби и проблеми. Создавање продукти и услуги што се во контекст на тие потреби и коишто ќе бидат подобри и различни од тоа што веќе се нуди на пазарот.

Ова се случува поради тоа што голем дел од маркетерите заборавиле како се гради стратегија. Тоа што го прават се само тактики на комуникација. Причината за тоа, претпоставувам, е зашто создавањето стратегија може да биде комплицирано - особено во големите компании.

Но, основата е во стратегијата. Им помагам на луѓето поедноставно да градат стратегија.

Второ, маркетингот е нападен. Маса од лошо таргетирани мејлови и реклами. Телефонски повици. Агресивна продажба.

Трето, дури и кога станува збор за делот со комуникациите, често се користи комплициран јазик, што корисникот не може да го разбере.

ATD: Комплексен, бирократски, со пасивен говор... Што друго го прави маркетингот да биде тежок за поднесување?

- Маркетерите забораваат дека потрошувачите малку знаат за тоа што се рекламира. Толку се внесени во продуктите што ги нудат, што мислат дека секој ги познава зборовите и жаргонот. Ги креираат рекламните слогани и комуникацијата преку тој комплексен јазик, што често е исполнет со пасивен говор.

Потрошувачите не разбираат што им се кажува и затоа не се инволвираат во приказната.

Tреба да се претпостави дека клиентот не знае ништо. Нула знаење. Што е најосновното прашање што тој би го поставил? Тоа е нивото од кое треба да се тргне. Клиентите нема да се налутат ако им дадете едноставни одговори

За да се надмине таа ситуација, треба да се претпостави дека клиентот не знае ништо. Нула знаење. Што е најосновното прашање што тој би го поставил? Тоа е нивото од кое треба да се тргне. Клиентите нема да се налутат ако им дадете едноставни одговори.

Многу често, големите компании уште повеќе го комплицираат јазикот на изразување, бидејќи мислат дека на тој начин изгледаат попрофесионално. Не е така. Држете се до едноставниот говор.

ATD: Можете ли да дадете куси совети, што е тоа што маркетерите треба и што не треба да прават кога станува збор за: Пишување, за Социјални медиуми, и за Водење кампања за нов бренд?

- Пишување: Претпоставете дека клиентот не знае ништо (како што кажав погоре). Зборувајте со јазикот на клиентот (Замислете дека со него сте во кафуле или во паб). И, немојте да користите жаргонски јазик или менаџерски изрази.

Не ги користете социјалните медими за „продажба, продажба, продажа“. Користете ги за да имате конверзација. Комуницирајте со потрошувачот. Зборувајте со нив за тоа што им се допаѓа или не им се допаѓа

- Социјални медиуми: Замислете дека социјалните медиуми се двонасочна конверзација. Тие не беа создадени за рекламни цели. Но, маркетингот ги освои и ги претвори во канал за рекламирање. Не ги користете социјалните медими за „продажба, продажба, продажа“. Користете ги за да имате конверзација. Комуницирајте со потрошувачот. Зборувајте со нив за тоа што им се допаѓа или не им се допаѓа.

- Нов бренд: Не се опседнувајте со логото или со боите. Да, тие се битни, но на повеќето потрошувачи не им е грижа за тоа. Покажете дека ги разбирате нивните проблеми и дека им нудите одличен продукт или услуга со коишто ќе се надминат тие нивни проблеми и така би сакале да прават бизнис со вас. Искуството со брендот е тоа што луѓето го споделуваат за вашата компанија, а не боите на логото.

ATD: Ваш колега од областа на маркетингот, во една прилика рече дека „Маркетерите забораваат дека луѓето денес плаќаат за да не гледаат реклами“. Што велите вие за тоа?

- Да. Луѓето денес го грабаат далечинскиот или премотуваат на побрзо, за да ги одминат рекламите.  На нивните компјутери, пак, користат „pop-up“ блокатори.

Mаркетингот е нападен и агресивно се обидува да продаде. Ако добро го познавате својот потрошувач и ако сте изградиле продукт што ги исполнува неговите потреби - не почнувајте да го бомбардирате со реклами

Повторно, тоа се случува зашто маркетингот е нападен и агресивно се обидува да продаде. Ако добро го познавате својот потрошувач и ако сте изградиле продукт што ги исполнува неговите потреби - не почнувајте да го бомбардирате со реклами.

Создадете видеа и блогови што ќе ги ОДГОВОРАТ прашањата што тие си ги поставуваат за вашиот продукт. Направете содржината да биде од помош. Дури потоа користете ги рекламите, за да ја потенцирате таа корисна содржина. Подобро така, отколку да одите со реклама што ќе се обиде агресивно да продаде.

ATD: Бевте гостин предавач на маркетинг настани во Белград, Подгорица, Букурешт. Кој е поттикот да бидете дел од конференции во овој дел од Европа?

- Голем дел од маркетинг-луѓето, како мене, се упатуваат на конференции во САД. Имав среќа да бидам поканет во Подгорица, а после тоа почнав да добивам покани и за други источно-европски земји.

Тоа беше возбудливо искуство, исполнето со исклучително гостопримство. Кај луѓето што ги сретнав наидов на голема желба за надградба и тоа уште повеќе ми дава мотив. Го сакам овој дел од светот и би ме радувало да поминам повеќе време тука, помагајќи во развојот на маркетингот.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме