Admen

ГИОРГИ АВАЛИАНИ, LEAVINGSTONE: Наградите се добри за агенциите, но ништо не им значат на клиентите

06 ное 2018

Клиентот и агенцијата треба секогаш да бидат на иста страна, вели Гиорги Авалиани, креативен директор во агенцијата „Leavingstone“ од Тбилиси, Грузија. Авалиани ќе биде главен говорник на годинашното издание на фестивалот „Кактус“ што на 12 и 13 ноември ќе се одржи во Белград.

Авалиани, којшто често се фотографира во традиционална грузиска облека и којшто му дава големо значење на хуморот во работењето, ќе зборува на тема „Creative Confidence“. Тој беше член на жирито во Кан годинава, а работи и како главен уредник на грузиското сатирично списание, „Саркома“.

Во продолжение пренесуваме дел од разговорот направен со него за фестивалот „Кактус“.

Според грузискиот креативен директор, наградите иако се пожелни за маркетинг агенциите, сепак не се пресудни за привлекување клиенти.

„Наградите привлекуваат внимание, отвораат многу врати, одлични се како сувенири и можат да ви помогнат да најдете многу пријатели. Но, не можат да ви кажат дали следната ваша идеја ќе биде повторно сјајна“, вели Авалиани.

Работата и креативниот процес се тоа за коешто клиентите се интересираат многу повеќе, отколку неколку светкави статуетки што и не се разликуваат многу едни од други, коментира Авалиани

Тој додава дека наградите се добри за кревање на самодовербата и за „лајкови“ на Фејсбук, но не даваат никаква гаранција за клиентот.

„Наградите во основа се само бариери преку кои вашите идеи мораат да поминат, за да се квалификуваат како пристојни, и тоа е тоа. Што се однесува за клиентите, работата и креативниот процес се тоа за коешто се интересираат многу повеќе, отколку неколку светкави статуетки што и не се разликуваат многу едни од други“, коментира Авалиани.

Грузискиот креативен директор зборува и за постапките што би требало да се направат кога ќе се случи нешто непредвидливо во кампањата и ќе тргне наопаку.

„'Што?' и 'Кога?' се убави прашања при правењето на распоредот на кампањата, но доколку сите страни не се сложат со прашањето 'Зошто?', ништо нема смисла. Секогаш треба да се почне со тоа, не само во текот на смислувањето на кампањата, па дури и на секој состанок“, советува Авалиани.

„Кога работите не одат според планираното, тогаш седнуваме, детално расправаме за тоа и гледаме каде е оригиналното „Зошто“ во приказната“.

Клиентот и јас се бориме на иста страна, па така и одлуките треба да се споделуваат. Нема друг начин. Немојте да ги романтизирате проблемите

Тој додава дека со клиентот секогаш треба да се биде на иста страна.

Клиентот и јас се бориме на иста страна, па така и одлуките треба да се споделуваат. Нема друг начин. Немојте да ги романтизирате проблемите. Ако нешто не може да се реши, секогаш можете да 'измислите' нов проблем со ефикасно решение“.

За патот што треба да се помине од идеја до реализација, вели дека е напластен со бројни брифинзи и размена на мислења.

„Мислам дека хуморот е единствената форма во која можеме да имаме идеи, без да бидат реализирани. Секоја друга област бара долги состаноци и конференциски врски на далечина, за идеите да се претворат во реалност“, категоричен е Авалиани.

(AdToDate.mk/Извор: Кактус2018)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме