Admen

Ги „фаќам“ сите мигови од агенцискиот живот

Possible, 01 јун 2017

Дерик Лин е набљудувач на агенцискиот живот, a на Instagram на многу забавен начин го претставува тоа. Работел за многу брендови, а воедно е фотограф. По професија е Senior Social Strategist во Possible. 

Со мали фигуринки во џиновски контекст, со кус текст – приказните навистина го опишуваат секојдевието со кое вработените во агенциите се соочуваат. Сите фотографии ги прави со iPhone7 и преку нив ја пренесува страста за многу полиња. Голем дел од неговите описи на Instagram навистина го допират секој профил што работел или работи во агенција. Ситните нервози, крајни рокови, многу кафе и инспирација се само парче од мозаикот со кој Дерик привлече преку 35 илјади следачи!

Дерик сам ги прави нацрт скиците за „сцената“ што ја креира, користејќи мали фигури, канцелариски материјал, неретко и храна, слики од градот, а во многу од тие фотографии се вметнува и себеси.

Го контактиравме на Instagram, ни дозволи да користиме негови фотографии за статијата и многу се израдува што дури од Македонија некој стигнал до неговата работа и интерес. Наше е да откриваме што е креативно, интересно и поврзано со маркетинг, па така и му ја пренесовме идејата! Преку оваа визуелна платформа, Дерик кој се потпишува со псевдонимот @marsder ги освојува инстаграмџиите ширум светот.

Успеавме да го прашаме неколку куси прашања, а тој со задоволство (и експедитивност) ни одговори!

Дерик, прво ти благодарам што прифати да бидеш дел од нашиот порталsmiley

Задоволството е мое. Секогаш е ласкаво кога имате луѓе што ја следат вашата работа, ете и од Македонија! Се чувствувам многу убаво кога добивам коментари од моите следачи на Twitter ширум светот.

Која е основната идеја за ваквите фотографии?

Пред сè, главната идеја што сакам да ја постигнам е да ги визуелизирам мислите и чувствата што обично не ги покажуваме додека сме на работа. Тоа е мојот начин на кој сакам да се изразам кон светот.

Луѓето брзо се поврзaa со овие необични микро светови...

Да, токму така. Кога нештата се искрени, стигнуваат до многу луѓе низ светот. Во адвертајзинг индустријата, нештата многу брзо се менуваат и тоа може да биде премногу стресно. Со овие мали скици, секоја личност која работи во агенција, ќе се поистовети со реалната слика.

Да не се случеше @marsder, ти ќе беше?

Илустратор. Сакам да цртам! 

 

А сега - заследете го на профилот @marsder на Instagram и уживајте во фотографиите.

Gallery: Marsder





Оставете коментар

CAPTCHA code