Admen

Publicis се посветува на создавање платформа

Publicis Groupe, 27 јун 2017

Покрај многуте коментари околу повлекувањето на Publicis Groupe од фестивалите за 2018, главниот и извршен директор на агенцијата Aртур Садун, останува цврсто на својот став. Се чини дека неговата одлука нема да падне под притисокот на конкурентите кои во моментов покажуваат со прст кон него. Тој е дециден дека агенцијата нема да влезе наредна година во трка со останатите агенции на Cannes Lions.

Во интервјуто што го направија од Adweek, новоизбраниот извршен директор искрено одговори на прашањата и критиките, воедно испрати порака до своите 80.000 вработени ширум групациите во светот.

„Навистина е тешка одлука – вели тој. Но веруваме дека ако сме навистина посветени на креативноста, време е да ја откриеме алатката што ќе ја прославува и унапредува креативноста од иднината. Тоа е она што ние го правиме. Оваа година ја гледам како пауза за да кажам – „Добро луѓе, како да се осигураме дека за 10 години од сега, ние сме уште тука?“.

Одлуката за паузата беше финансиска и стратешка, бидејќи во мрежата на Publicis веќе постои алатката наречена Marcel – платформа што ќе ги обедини сите членови во агенциите ширум светот. Но, во период на Cannes Lions, оваа изјава беше дочекана доста бурно и емотивно.

Adweek побара изјава од Садун во врска со критиките што ги доби околу повлекувањето од фестивалите, и тој вели:

“Го имавме годинешниот состанок, кој делуваше дека е направен во кризно време, а всушност го правиме секоја година, на ист датум. Проблемот со донесувањето ваква одлука е можеби тоа што ja „разбесневме“ конкуренцијата, која очигледно е подготвена да преземе иницијатива и да ви каже - И ние сме за креативност!

Но, која е конкуренцијата што ја носи индустријата на ново ниво?“

За новите предизвици во мрежата на агенцијата

“Она што ни беше тешко за време на донесувањето на одлуката, е да го откриеме начинот на кој работиме и како технологијата ја ставивме во служба на креативноста. Најмногу го правиме тоа за најмладата генерација вработени, кои не сакаат и не треба да работат во компанија од минатото. Тие сакаат да прават нови нешта, да бидат препознаени и да им бидат отворени бескрајно многу можности.“

Ја гледам оваа година исклучиво како пауза за поставување на важно прашање за сите нас – Ако сме сигурни дека младата генерација ќе го направи успехот на групацијаата и ќе работи со нас, тогаш можеме да добиеме јасна визија што е иднината на нашата индустрија.

Околу излегувањето од трката за награди

„Секој труд кој ќе биде креиран утре, ќе биде награден, затоа што со времето што изминува, наоѓате идеи, продавате и идејата исчезнува во воздухот. Што е само една година? Било која идеја што ќе ја развиеме, ќе влезе во наредниот годишен циклус на награди.“

Околу Cannes Lions 

„Причината што сево ова создаде таква провокација е што на другите им се поставува прашањето – дали да дојдат на Cannes Lions или не? Односно, проблемот што го имаме е она што е важно за мене денес и за моите креативци. Талентот што го имаме овде не е ништо во споредба со талентот што го немаме.“

Бевме Агенција на годината, четири пати по ред на Кан. Тоа е непомерлив факт и е голема награда за нас. Но она што им го кажав на моите вработени е дека сега е важно да се фокусираме на она што е од суштинско значење, а тоа е да се вложиме во одлична работа за годината што следува.

„Кога гледам што се случува на пазарот, времето што нашите клиенти го користат на платформите, наместо да гледаат што се работело.... Знаете како се завршува работата? На терен... 

Не се работи за Канскиот фестивал. Тој е само одраз на нашата индустрија“

Околу вредноста на наградите

„Наградите се многу важни, но не за популарност, туку за мерење на квалитетот на вашата работа во споредба со конкуренцијата на пазарот во истата категорија. И токму тоа е она во кое сакам да продолжам да инвестирам. Сакам да се осигурам дека нашата работа е измерена. Но не сакам наградата да биде причината поради која сме познати. Барем ние сме сериозни околу наградите. Тие се важни за нас – да не се препознаеме, туку да се оцениме. За да видиме дали завршената работа е навистина извонредна.“

Ова е начинот на кој ние ја гледаме и градиме нашата платформа. Ние сме сигурни дека секоја голема идеја и нејзиниот креатор, треба да бидат повеќе ангажирани. Секој кој сака да придонесе кон иновативноста во оваа работа, може тоа да го стори во Publicis.

За трудот кој вреди да победи

„Верувам дека решенијата што стигнуваат на фестивалот се веќе познати. Ако треба да чекате на тоа да станете познати преку Cannes Lions, веќе имате проблем. Ние не ги правиме кампањите за награди. Ние ги правиме за да го зголемиме бизнисот на нашите клиенти кои ја мерат креативноста. Наградите се добри за споредба, но не и за да бидете славни. Ниту едно од креативните решенија што треба да оди на било кој фестивал не треба да биде познато. Ние сакаме работа што навистина се залага за нештата.“

За балансирање на креативноста со технологијата

„Сега сме посветени повеќе од кога и да е – да ја поставиме креативноста во центарот на нашата организација. Цртајќи линии во песок, масовно инвестираме во технологијата, за да бидете сигурни дека каде и да сте седнати во светските канцеларии, вашите идеи ќе можат да се идентификуваат и талентот може да ви биде препознаен, каде и да сте. Она што е важно е дека за било каква победа, потребно е многу работа. И не треба да имате трка во шоуто за награди, и единствено да сакате вашето CV да биде дополнето од нив.“

За крај, тој вели дека оваа одлука најмногу е направена поради желбата да се развие Publicis како групација со иновативни извори и решенија, а една од нив е платформата Marcel. Таа може да овозможи нови начини на работење, на новите и идните генерации креативци. Една година пауза според Садун, не ја менува големата слика.

Луѓето кои доаѓаат допрва во Publcis, додека го развијат својот метод на работење, ние веќе ќе бидеме вратени во форма!

Извор:Adweek





Оставете коментар

CAPTCHA code