Campaigns

Белград за прв пат домаќин на жирито од Меѓународното здружение на PR експерти

12 јул 2017

Повеќе од 20 меѓународни експерти за односи со јавност и комнуникации, членови на жирито и UO Меѓународното здружение за односи со јавност (International Public Relations Association – IPRA), минатиот викенд се собраа во Белград на финално жирирање и избор на добитник на престижното признание IPRA Golden World Awards for Excellence 2017 и IPRA GRAND PRIZE 2017.

Со ова признание кое се доделува во повеќе од 25 категории, IPRA ги наградува најдобрите проекти/кампањи во доменот на комуникации и односи со јавност, а истовремено се одбира најдобриот меѓу најдобрите – добитникот на IPRA GRAND PRIZE 2017. Посебно внимание се посветува на решенијата кои влијаат на креирањето подобро и похумано опкружување. Таквите решенија влегуваат во тесниот избор за посебно признание кое го доделува организацијата Обединети Нации.

Спонзори на ова жирирање во Белград, беа Туристичката организација од Белград, Српското здружение за односи со јавност, брендот Grand Kafa како и агенцијата Blumen group, која беше домаќин на членовите на жирито во Управниот одбор на IPRA – PR eксперти од Англија, Русија, Шпанија, Турција, Бугарија, Кипар, Финска, Обединети Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Холандија, Австрија, Филипините и Србија.

И самата агенција Blumen group се најде во листата на наградени со IPRA GOLDEN WORLD AWARDS.

Во 2012, оваа агенција не само што доби признание GWA 2012, туку и наградата најдобра меѓу најдобрите за кампањата “Popis je beleska za buducnost”. Минатата година агенцијата беше во финале на овој натпревар со проектот „Play it again – Stari Rok Majstori“.

Имињата на овогодинешните победници ќе бидат соопштени во текот на месецов, а признанијата на Гала церемонијата на IPRA ќе се доделат во Софија, Бугарија.

IPRA или Меѓународната Асоцијација за односи со јавност е основана пред 60 години, кога во 1940, неколкумина холандски и британски PR експерти, разговарале околу идејата да се создаде организирана група професионалци од оваа област. Целта им била да се подигне стандардот за односите со јавност во пракса, како и да се подобри квалитетот на PR почетниците.

Извор:MediaMarketing





Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме