Campaigns

Повлечена кампањата на Dove Baby

12 јул 2017

Брендот на Unilever, Dove, направи од себе големо име со поместување на границите за сфаќањето „што е вистинската женска убавина“. Но, во Велика Британија, очигледно е дека е направен пропуст во однос на тоа што е „вистинско“ со реклама за неодамна лансираниот Dove Baby производ за нега на кожата, во која е прикажана жена како го дои своето бебе.


Ова ги разбесни многу од жените, најмногу поради тонот на рекламата во која пишува „75% say breastfeeding in public is fine — 25% say put them away. What’s your way?“. Револтот најмногу произлегува од фактот дека на овој начин се прават поделби меѓу жените што дојат во јавност и жените што не го прават тоа. Дури и да е прашање на различно мислење, доењето во јавност е законско право. Тоа право им гарантира на жените слобода, и никој не треба да бара од жената „Да се тргне настрана кога дои“.

Налутените коментари на Facebook страницата на Baby Dove укажуваат на тоа дека не се работи за приговор околу отвореното прикажување на разголената дојка, туку повеќе околу статистиката што го потценува чинот на доење и го става на тапет за јавно коментирање.

Една од мајките изјави – Повеќето мајки се сами во текот на денот со своите бебиња. Замислете како би се чувствувале да видите постер со мислење од кое најмногу се плашите, а сте надвор со своите гладни доенчиња...?

Џејн Метјуз напиша – Што по ѓаволите имаат врска вашите производи со доењето? Зошто и да го споменувате тоа? Имам две деца, ги дојам и двете, јавно, каде сакам и кога треба. Се надевам дека оваа смешна реклама нема да ги одврати жените од доење на своите деца!

Управата за стандардизација на рекламите, (The Advertising Standards Authority) доби дури 378 поплаки во врска со кампањата, со што ја направи шеста по ред во листата на поплаки за кампања. Агенцијата која стои зад оваа реклама е Ogilvy; иако ниту агенцијата ниту Unilever одговорија на барањето да се потврди тоа.

Unilever излезе со изјавата единствено за објаснување на кампањата: Ние веруваме дека постојат многу начини да се биде добар родител и да се препознае што е она што е најдобро за вас и вашето бебе. Нашата кампања ги поддржува мајките што сакаат да дојат во јавност, исто како и оние кои одбираат да не го прават тоа, без оглед што ќе кажат другите. Сметаме дека не постои само еден вистински начин да се биде добар родител.

Некои од коментарите се однесуваат на можноста за погрешно интерпретирање на рекламата. Женските гради се дотаму сексуализирани во адвертајзингот, што сега во овој контекст кога бебето е налегнато на нив, не би требало да изгледа така. Но, примерите сведочат дека и во тие моменти, градите се предмет на сексуалност и еротика.

Портпаролот на Управата за стандардизација на рекламите (АSA) изјави дека некои од поплаките ќе поминат низ официјални истражни постапки, бидејќи Unilever веќе реши да ја повлече кампањата и да ги промени зборовите на рекламата на својата страница.

Извори:АdAge/IrishExaminer





Оставете коментар

CAPTCHA code