Campaigns

Искуство во банка без стрес

13 јул 2017

Новиот кредит „PAUZA“ на Raiffeisen банката, веќе е актуелен преку низа мали реклами.

Комуникациската платформа на Raiffeisen Bank продолжува со својот забавен и приемчив тон уште една сезона. Режисерот Раша Андриќ со одбрана екипа актери, на барање на Mc Cann креативците, им понуди решение за единствен, топол и забавен поглед на кредитот во готово. Продукцискиот дел го изработија од Emote Production.

Лицето на Raiffeisen банката – Јелена Гавриловиќ, му ја претставува новата кредитна услуга на Драган Јовановиќ и други ѕвезди кои дополнително ќе бидат откриени. Во нивната претстава тие се раскошни карактери кои во динамичноста на својот живот, имаат практични и духовни потреби, навики и желби.
Јелена им ги слуша сите желби, препознава и разбира. Дури и кога сите тие барања не делуваат најразумно, им излегува во пресрет – како што е и целта на Raiffeisen банката, да покаже разбирање и поддршка.

Потребата за зборот „пауза“ е вметнат токму како оддишка од секојдневните обврски кои му „висат“ на купувачот или клиентот над глава. Притоа, се потенцира можноста што ја нуди банката – да ја паузирате ратата на кредитот на еден месец. Со оваа топла реклама, подигнувањето кредит делува опуштено и без стрес. Со прашањето дали „може?“, одговорот е позитивен, за одморена, взаемна соработка.

Банкарката ве послужува со лимонада, со неа решавате крстозборка и на крајот – подигнувате кредит. Ниското ниво на стрес и живите бои (жолтата како основна, а и боја на брендот на банката), ги потврдуваат заложбите за креативно продавање услуга и задоволни клиенти.





Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме