Campaigns

Нова ера за старите добри пријателства

14 јул 2017

Три обични, ненаметливи ликови, а сепак различни мажи за кои сите зборуваат, станаа една од главната тема во новата реклама на Amstel. Имињата се звучни и делуваат како од виц – Џони, Бели и Гиле. А можеби се само вистински ликови на личности што го промовираат Amstel на едно ново ниво?

Нa Мedia Marketing, веќе го сублимираа новото старо пријателство на овие три протагонисти. Ако новата доба бара стари добри пријатели, се разбира дека пивото ќе биде „лајт мотив“ што ќе ги собере во еден кадар.

Историјата на Amstel е поврзана со оваа тема – пријателството пред сè. Основачите на брендот, Чарлс Де Пестерс и Јохан ван Марвијк, во 1870 година својата визија за пријателство што трае, ја аплицираа врз пивото направено по мерка на потрошувачот. Амстердам е срцето на оваа идеја, а во реалноста, Amstel веќе со децении потврдува дека вистинските пријатели заедно можат сè.

Сениор бренд менаџерката за Heineken во Србија, Софија Ефтимовски Божовиќ, вели дека со овој потег, Amstel ја враќа во мода одново и одново вредноста на вистинските пријателски односи. Наместо кратки и еднонасочни разговори во секојдневието, Аmstel го презентира пријателството како трајна вредност и како животна философија што ја живееме.





Оставете коментар

CAPTCHA code