Campaigns

Лав во дневната соба - нова приказна од Ikea

17 јул 2017

Само затоа што одмарате 18 часа на ден, не значи дека сте мрзливи!

Агенцијата Mother London лансираше интегрирана кампања за Ikea низ Велика Британија и Ирска, фокусирана на дневната соба со име „Relax Into Greatness“, која ја надополнува последната кампања „Wonderful Everyday“.

Новиот видео спот наречен „Lion“, се базира на интересниот факт за овие животни – лавовите дури 18 часа од денот, ги поминуваат одмарајќи.

Во видеото, преку документарен начин, се прикажува одморот на еден лав кој следи телевизиска програма, лежи на каучот, ужива пиејќи пијалак... И си ја потврдува мрзеливоста. Но, ако мислите дека тоа е точно – помислете повторно! - на шега вели раскажувачот во спотот, чиј глас го позајмува шведскиот актер Рикард Волф (соодветно, гласот на Скар во шведската верзија на „Кралот Лав“).

Откако долго време одмора, лавот со наполнети батерии, е подготвен за акција – неочекувана за неговиот вид. Во илузијата дека гледа плен, тој се соочува со лавина деца кои влегуваат во дневниот престој, претворајќи ја реалноста во вистинска џунгла.

Лавот всушност е татко во костум, кој го поминува сето свое време поткрепувајќи си ја  менталната и физичка кондиција што е потребна за да се „издржи“ детскиот роденден.

Околу приказната што се однесува на Ikea, маркетинг менаџерот на Ikea за Велика Британија и Ирска, Лорен Тирсен вели – Често модерниот начин на живот, ни остава чувство дека секогаш треба да бидеме во движење, и кога се одмараме се чувствуваме како да сме се „предале“. Работиме нон стоп, впиваме информации 24 часа и секогаш сме на готовс. Сме заборавиле како е да се биде релаксиран, особено лежејќи во дневната соба.

Надежите на кампањата Lion која е дел од „Wonderful Everyday“, се насочени кон тоа луѓето да се мотивираат и инспирираат во своите дневни соби. Предизвикот е да ги упатите кон фактот дека овој простор е лично светилиште за одмор – затоа што кога сте одморени, свежи, ве чекаат големи нешта.

Освен верзиите од 60 и 20 секунди од видеото Lion кои веќе се емитуваат пред кино проекциите, интегрираната кампања ќе се појави и во печат, ќе биде покриена со аутдор билборди, PR, CRM, дигитални и социјални иницијативи, и ќе трае од 15 јули до 15 септември 2017.

Извор:Adweek





Оставете коментар

CAPTCHA code