Campaigns

КАДЕ ДА ГИ ЧУВАМЕ ДИЈАМАНТСКИТЕ ВЛОШКИ: Кампања против оданочувањето на женската хигиена како луксуз

04 окт 2017

 

Месечниот циклус кај женската популација стана луксуз, велат од организацијата „Period Equity“, која остро ја критикува даночната политика во повеќето сојузни американски држави, каде се плаќаат даноци на тампони и хигиенски влошки.

За да се укаже на нееднаквоста со која се соочуваат жените во 36 сојузни држави во САД, направена е видео-кампања, во која тампоните се прикажани како луксузен накит.

Кампањата ја осмисли агенцијата JWT, а во видеото се појавува актерката и модел Абер Роуз. Целото видео наликува на реклама за луксузни производи, што во основа е добро смислена критика за лошата даночна политика.

Преку кампањата се упатува апел до 36-те американски држави да ги класифицираат хигиенските производи како потреба и да ги изземат од одредувањето данок на промет. Од организацијата наведуваат дека со тоа што тампоните и хигиенските влошки не се изземени од оданочувањето, тоа значи дека истите производи ги класифицираат како луксуз.

Во оваа необична кампања Амбер Роуз сензуално го претставува накитот, покриен со дијаманти, додека женски глас го опишува блескавиот раскош. Во еден миг се поставува клучното и добро смислено прашање: „Каде на друго место би ставиле нешто што 36 држави го оданочуваат како луксуз?“, додека манекенката од дијамантскиот ѓердан го извлекува тампонот.

Рекламата завршува со луцидното прашање: Tel the Government where to stick this tax.





Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме