Campaigns

ИЗБЕГАЈТЕ ВО ЕРАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА: Краток излет во иднината со „Ауди“ (видео)

10 окт 2017

 

Соба во која е креирана иднината и од која, откако ќе влезете, повеќе не ќе сакате да излезете е дел од новата кампања на германскиот производител на автомобили, „Ауди“. Во рамките на оваа кампања, која се одвива во Шпанија се претставува „е трон“, серијата од електрични и хибридни возила на „Ауди“.

Серијата првпат беше претставена уште во 2008 година, но годинава начинот на презентација се разликува од претходните. Во соработка со агенцијата DDB е креирана „Соба за бегство“ (Escape room) која за публиката беше отворена на 7 октомври во Барселона.

Оваа соба од иднината во Барселона ќе биде отворена до 27 овој месец, при што на вљубениците во овој автомобилски бренд ќе им биде претставено како ќе изгледа возењето во иднината со нивните електрични и автоматизирани возила.

Како што најавуваат од „Ауди“, на посетителите ќе им бидат овозможени тест-возења, но и уште голем број изненадувања кои ќе изгледаат како да се донесени од друга, понапредна технолошка ера.

- Посетителите ќе ги однесеме еден час во иднината. За да можат да се снајдат низ сите планирани тест-возења, како и во сите други технолошки новитети, мораат добро да го подготват сопствениот ум.

Се работи за едно позабавно претставување на иднината на електричните автомобили - вели Каита Монтсерат, директорка за маркетинг при „Ауди“.

Карванот со електрични автомобили на „Ауди“ на 9 ноември се сели во Мадрид, каде Собата за бегство ќе биде отворена до крајот на месецот.

 





Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме