Campaigns

БЕВ СРЕЌНА КОГА СЕ ВИДОВ: Се огласи црномурестата девојка од „контроверзната“ реклама на „Dove“

10 окт 2017

 

Моите пријатели, роднините и јас самата бевме горди што ме има на рекламата и што ја претставувам својата раса во контекст на покажување на убавината, вели Лола Огуниеми, црномурестата девојка која се појави во рекламата на „Dove“, а која беше оценета како расистичка.

Огуниеми се огласи преку текст во британски „Гардијан“. Таа вели дека целата реклама е извадена од контекст и дека нема основа да биде оцента како расистичка.

„Уште од мала ми велеа: 'Ти си многу убава.. за црна девојка'. Јас сум Нигеријка, родена во Лондон, а пораснав во Атланта. Многу рано станав свесна за општо прифатениот став дека жените, ако се од бела раса, ќе изгледаат поубаво“, објаснува девојката.

Таа додава дека вината е кај козметичката индустрија што го креирала таквото мислење со нагласување на моделите со светла боја на кожата како стандард за убавина.

Добив шанса да го потсетам светот кои сме ние, дека сме убави и дека, најбитно од сè, имаме вредност, објаснува Огуниеми

„Од тие причини, кога 'Dove' ми понуди моето лице да биде во новата кампања за нега за тело, веднаш прифатив. Со можноста да ги презентирам моите сестри со темна боја на кожата во рекламата на еден глобален бренд, добив шанса да го потсетам светот кои сме ние, дека сме убави и дека, најбитно од сè, имаме вредност“, објаснува Огуниеми.

Таа истакнува дека била изненадена што рекламата, која била направена за да ја промовира убавината на луѓето, без оглед на бојата на кожата, е извадена од контекст.

„Доколку и во најмала рака имаше изгледи дека целта на портретирањето е да ме прикаже во инфериорна позиција, веднаш ќе кажев 'не'. Ќе го прекинев снимањето и ќе заминев. Тоа е нешто против кое цврсто стојам“, вели девојката.

Истакнува дека одлично поминале на снимањето.

„Искуството што го имав со тимот на 'Dove' беше исклучително позитивно. Одлично си поминавме на сетот. Сите девојки коишто бевме вклучени ја разбравме целта на рекламата - преку нашиот различен изглед да се прикаже дека секоја кожа, без оглед на бојата, заслужува нежност“, додава Огуниеми.

За фотографиите кои денес се шират по социјалните мрежи, таа вели дека се погрешно протолкувани.

„'Dove' сепак требаше да ја објаснат и нивната креативна визија“, вели девојката која смета дека потрошувачите не ја виделе целата значенска слика на рекламата.

Рекламното видео беше поставено на страната на „Dove“ на „Фејсбук“. Беше прикажана е црномуреста девојка што ја соблекува својата темна маичка и добива нов лик, со бела воја на кожата и со бела маица на себе. Корисниците на социјалните мрежи тоа го оценија како расистички потег од страна на компанијата „Dove“.
После реакциите дојде и извинување од „Dove“, а видеото беше повлечено од нивната страница на „Фејсбук“.

 





Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме