Campaigns

„ЛЕНОВО“, „ХЈУАВЕЈ“, „АЛИБАБА“: Кинеските брендови со иновативност го освојуваат светот

07 фев 2018


Кинеска иновација, е терминот по кој кинеските брендови сакаат да бидат препознатливи во светот. Тоа е сериозен чекор што води кон градење сосема нова перцепција за кинеските производи, спротивна на таа што постоеше во минатото, кога терминот „кинески производ“ значеше неквалитет и копија на тоа што веќе го прават светските брендови.

Според новото истражување, што го спроведе агенцијата „Kantar Millward Brown“ во светот на водечко место се кинеските брендови од областа електронските уреди за широка потрошувачка.

Агенцијата, во соработка со „Гугл“ изработила листа на 50 најмоќни кинески брендови во светот. Притоа „Леново“, гигантот за компјутерска и мобилна технологија, се нашол на прво место.

Според истражувањето (достапно на следниот линк) на второ место се наоѓа „Хјуавеј“, познатиот бред за мобилни уреди, којшто бргу го освојува пазарот. Блиску е и „Алибаба“, компанија што со својата понуда за онлајн трговија, стана еден од посилните брендови во светот.

Истражувањето е правено според влијанието што кинеските производи го имаат на развиените пазари, како  Франција, Германија, Шпанија, Велика Британија, САД, Австралија и Јапонија.

„За креаторите на кинеските брендови доаѓањето до голем број консументи не е единствена грижа. Тие се посветени кон тоа да ја сменат перцепцијата на потрошувачите кон нив“, вели Дорен Ванг, лидер на „BrandZ“, дел од „Kantar Millward Brown.

Тој нагласува дека „брендингот“ кај кинеските компании сега е поставен на прво место, а со цел да се смени перцепцијата што ја имаа постарите генерации кон производите направени во Кина.

- Главиот слоган на кинеската транспортна мрежа „Belt & Road“ е менувањето на термините. Од „Направено во Кина“, да се смени во „Иновација од Кина“. На овој начин Кина ги поттикнува компаниите да создаваат високо-квалитетни и иновативни брендови. На глобално ниво, перцепцијата кај консументите е дека кинеските брендови се иновативни и дека значително го имаат подобрено квалитетот - вели Ванг.

Листата на 50 најсилни кинески брендови во светот, како и целото истражување се достапни на следниот линк.




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме