Campaigns

КОГА ИВАН ЈА ЗАПОЗНА АНА: Забавна романтична игра се одвива на социјалните мрежи кај нас (фото)

10 фев 2018

Помогнете му на Иван, предложете му како да ја покани Ана на состанок.. или, помогнете ѝ на Ана како да го расположи Иван да излезат на втор состанок.

Ова се задачите што ги имаат корисниците на „Фејсбук“ во забавната игра што се одвива на фејсбук-страницата на „Капитол мол“, а којашто се приклучија голем број млади момчиња и девојки.

Се работи за кампања на „Капитол мол“, креирана по повод Денот на вљубените. Сепак, наместо класично рекламирање и понуда на подароци за празникот, смислено е креативно сценарио во кое главни ликови се момче и девојка, Иван и Ана. Притоа, сите нивни доживувања се прикажани низ фотосторија, организирана во стрип-структура со дијалози.

Според приказната, двајцата „случајно“ се сретнуваат во „Капитол мол“ и се појавува првата љубовна искра. Но, тој и таа се срамежливи, па наоѓаат начин како да се запознаат и да продолжат да се дружат.

Токму тука доаѓа улогата на Фејсбук-корисниците. Тие треба со свои предлози да им помогнат на Иван и на Ана да ја продолжат својата приказна, а со цел да се случи состанок на кој ќе можеби ќе „падне“ и бакнеж.

Сепак, приказната не оди по однапред смислено сценарио. Крајот го креираат самите фанови, коишто даваат свои предлози што следно треба да направат Иван и Ана.

Своите сугестии фановите ги даваат во коментари на „Фејсбук“, а целта е Иван и Ана да го дочекаат Валентајн заедно.

Креирани се и приватни профили на двата лика преку кои тие од време на време влегуваат во интеракција со фановите со цел да им помогнат да изберат развој на дејството соодветен на нивните карактери.

Фановите ќе добиваат „хинтови“ и на Инстаграм профилот на Капитол каде преку Instagram Stories ќе можат да видат што прават и во кој правец размислуваат главните ликови.

„Меѓу другото, на овој начин кампањата ги запазува новите насоки на 'Фејсбук' за креирање содржини што ќе предизвикаат „meaningful conversation”, па за очекување е тоа да резултира со соодветно голем досег“, објаснуваат од NewMedia, агенцијата што стои зад оваа камапања.

Кампањата истовремено ги вклучува и брендовите од „Капитол мол“ во целата приказна. Иван и Ана на фотографиите носат модели од бутиците во молот, а активностите кои ги прават во приказната ги покриваат сите активности и локации во трговскиот центар - кафулиња, куглана, продавници, штандови.

На тој начин се гарантира застапеноста на сите брендови кои се претставени во моше природен контекст, со што тие добиваат голема видливост без да го нарушат текот на приказната.

Брендовите за возврат треба да обезбедат подароци за најактивните и најкреативните фанови кои ќе се истакнат со своите сугестии за развој на приказната.

„Комплексност на целата кампања додава и фактот што секој нов правец кој ќе го изберат фановите ќе треба да се претстави со нови фотографии и дијалози. Со други зборови, продукцијата се одвива во (речиси) реално време. Од друга страна, токму тоа ѝ дава тежина, релевантност и реалност на кампањата“, додаваат од „NewMedia“.

До сега Иван и Ана беа во две различни ситуации. Приказната сè уште трае, а може да се следи преку Фејсбук-страницата на „Капитол мол“. Иван и Ана ги чекаат вашите сугестии.




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме