Campaigns

КУПУВАМЕ МАРКИ, А НЕ КВАЛИТЕТ: Што се случи кога на оригинален бренд му ставија лажни етикети

12 фев 2018


Купувачите повеќе веруваат во тоа што стои на етикетите, отколку на вистинскиот квалитет на производите. Тоа се докажа со генијалниот тест на познатиот моден бренд „Дизел“ (Diesel) што беше направен во Њујорк.

На познатата улица „Канал стрит“ во Њујорк, каде има претежно продавници со фалсификувана облека, беше отворен мал бутик во најнови модели на „Дизел“. Бутикот беше отворен токму во екот на Модната недела во градот кој се смета за срцето на модата на американскиот континент.

Сепак, за сè да биде во духот со традицијата што постои на таа улица, каде претежно се продаваат имитации од скапи брендови, а по ниски цени, „Дизел“ ги преименува своите производи со нова марка. На сите им стави „фејк“ етикета со натпис „Деизел“ (Deisel).

Автентичноста на „лажен бутик“ ја доловија и со тоа што поставија Индиец како главен продавач во „дуќанот“. Тој одлично се снајде во улогата така што се ценкаше со купувачите и ги убедуваше дека тоа што го продава е оригинал „Дизел“.

Реакцијата на купувачите беше повеќе од очекувана. Речиси секој се фати за името на брендот, наместо да го оцени квалитетот на производот што го купува.

Видеото е дел од рекламна кампања на „Дизел“ во која сакаат да им укажат на купувачите дека квалитетот треба да им биде на прво место при изборот на облеката. Зад кампањата стои агенцијата „Публицис“ од Њујорк.




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме