Campaigns

НЕВЕРОЈАТНИ 60 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ: Емотивното видео на „ајфон“ речиси никого не остави рамнодушен

12 фев 2018

Во петок, на 16 февруари годинава се паѓа Кинеската нова година. Тоа е ден кога семејствата во Кина се заедно и кога целата земја прославува. Сепак, една самохрана мајка нема да биде со своето дете.

Тоа е младата кондуктерка, којашто работи во кинеската железница. Таа речиси секоја Кинеска нова година е на работа, на железничка линија во која патувањето трае шест дена. Поради тоа мали се шансите и оваа година да биде со своето дете за време на големиот кинески празник.

Ова е дел од приказната „Три минути“ во којашто се раскажува за младата кондуктерка и нејзиното дете. Видеото е во целост направено со моделот „ајфон икс“ на „Епл“, којшто се појави во продажба во ноември минатата година. Режијата е на познатиот кинески режисер Петер Чанг.

Во кусиот филм не се ангажирани актери. Кондуктерката е всушност мајката за којашто е направена приказната. На нив самите, детето, мајката, сестрата, им било оставено да ја одредат насоката на филмот, според сопствените чувства во текот на снимањето.

Тоа што младата жена го има на располагање во филмот се само три минути со нејзиното дете, на една од попатните железнички станици. Начинот на којшто ги поминуваат тие три минути, речиси никого не остава рамнодушен.

Емоциите на ликовите се целосно доловени во филмот. Телефонот на „Епл“ солидно си ја завршил работата, зашто квалитетот на снимката е на високо ниво и целиот филм изгледа како да е работен со професионална видео-опрема.

Видеото беше објавено на почетокот на февруари, а до денес достигна пад 60 милиони прегледи, комбинирано на повеќе Јутјуб-канали на „Епл“ низ азискиот континент.

Режисерот Чанг објави и серија куси видеа, во кои се објаснува начинот на кој бил снимен емотивниот фил „Три минути“.




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме