Campaigns

МОДА, КОЗМЕТИКА, ПАТУВАЊА: Брендовите годинава повеќе ќе се фокусираат на женската публика

15 фев 2018

Повеќе од 30 отсто од брендовите ќе се фокусираат на зголемен број реклами и кампањи што се насочени кон привлекување на женската потрошувачка публика. Ова се тврди во истражување што го спроведе организацијата „Pearlfinders“ што се занимава со анализи во полето на маркетингот и комуникациите.

Според нивниот најнов годишен „Глобален индекс“, во кој се презентирани истражувања направени со агенции и професионалци од огласувачкиот сектор во САД и во светот, индустријата својот фокус годинава ќе го има на жената-потрошувач. Изразено во проценти, 33 отсто од брендовите во Европа планираат да ги зголемат своите маркетинг активности кон женската публика.

Истражувањето е направено во текот на целата мината година, при што се реализирани околу 10.000 интервјуа со бренд-маркетери. Притоа во фокус биле трендовите и плановите на брендовите насочени кон потрошувачите.

Минатата година почна со глобалниот женски марш, а заврши со магазинот „Тајм“ којшто прогласи акцијата #MeToo Silence Breakers за личност на годината. Со тоа беше покажано едно глобално културолошко поместување, со коешто јасно се укажува дека брендовите планираат во текот на 2018 година да ги зголемат активностите во полето на комуникациите, ориентирани кон женската публика.

Така, според податоците од истражувањето, во 2018 година брендовите за пет отсто ќе ги зголемат трошоците за т.н. content-рекламирање. За 3,1 отсто ќе бидат зголемени трошоците за развојот на дигиталниот маркетинг фокусиран кон женската публика, како и за 2,2 проценти ќе биде зголемен буџетот за „пи-ар“ услуги насочени за истата публика.

Воедно, очекувањата се дека ќе има зголемени буџети за рекламирања во модната индустрија, како и за туристичките аранжмани.

- Работиме со брендови што креираат настани со кои се изразува грижа кон сопствените потрошувачи. Според нивните планови, очекуваме 2018 година да биде година на жените. Пред агенциите и брендовите е сериозен предизвик да научат како да ги поттикнат женските емоции, кога станува збор за потрошувачката. Организирањето настани ќе бидат клучни во реализацијата на продажните планови - вели Ричард Џонсон, креативен директор на „Timebased Events“.

Тој додава дека се неопходни настани и понуди што во својата суштина ќе имаат силна и значајна женска порака.

Според Џонсон, повеќе брендови, меѓу кои и „Формула еден“ ќе се насочат кон ставање на пиедестал на женската публика.

Целото истражување на „Pearlfinders“ е достапно за бесплатно преземање на следниот линк.




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме