Campaigns

УЖАС ВО ДЕТСКИТЕ ЦРТЕЖИ: Грутка на гради остава кусиов филм за децата жртви на сексуално насилство

03 мај 2018

Горчливо чувство, гнев кон монструмите и грутка во гради создава содржината на кусиот анимиран филм што ја прикажува траумата низ која поминуваат децата што биле жртви на сексуално насилство. Наивните детски цртежи, прикажани во видеото, го покажуваат ужасот со кој се соочуваат тие деца, чија траума останува за цел живот.

Кусиот филм е дел од кампања против сексуално насилство врз децата, а го објави невладината организација и прифатилиште за деца жртви на семејно насилство „Bahay Tuluyan.

Седиштето на организацијата е на Филипините, а видеото е насочено кон заштита на децата од целиот свет што биле изложени на сексуални злоупотреби од страна на возрасни лица.

Според податоците на организацијата, во периодот од 2011 до 2016 година, само на Филипини се регистрирани 7.418 случаи на сексуални напади врз деца. Притоа како најчести извршители на ужасниот чин се јавуваат нивни роднини, родители, постари братучеди, како и возрасни лица на коишто децата им верувале.

Од невладината организација се надеваат дека кусиот филм ќе го сврти вниманието и ќе ја покрене јавната свест за да се спречи оваа злокобна појава како во тамошното општество, така и во светски рамки.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме