Campaigns

Од лажни лекови умираат 700.000 луѓе годишно, а од лажни вести има само една жртва - демократијата

04 мај 2018

На Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај, организацијата Репортери без граници (Reporters Without Borders - RSF) почна светска кампања за борба против лажните вести, а кои се претворија во наезда врз слободното и објективно новинарство.

Кампањата содржи видео-спот во кој низ бројки е прикажано како лажните продукти, што се присутни во секоја пора од нашето општество, уништуваат човечки животи и оставаат фатални последици за идните генерации.

Така, според податоците добиени од истражувања на други организации, лажните лекови секоја година одземаат повеќе од 700.000 човечки животи. Лажни вакцини во 1995 година заразија од менингитис и убија 3.000 луѓе, лажното масло за готвење, во 1959 година предизвика парализа кај повеќе од 10.000 луѓе...

Во низата фалц-продукти што го обременуваат нашето современо општество, во последните години на високо ниво се искачија и лажните вести. Според кампањата на „Новинари без граници“, постои само една жртва од фалсификувањето на информациите. Тоа е демокраријата што умира под налетот на вести што ја дезинформираат јавноста и создаваат лажни перцепции за реалноста.

- Лажните вести се шират многу полесно од вистинските. Не можеме да останеме пасивни пред налетот од оваа закана, што директно ја напаѓа демократијата. Преземаме конкретни чекори за да ја промовираме слободата на говорот, независноста и плурализмот - вели Кристоф Делоир, генерален секретар на Репортери без граници.

Зад реализацијата на видео-кампањата стои агенцијата BETC од Париз.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме