Campaigns

ВО СВЕТОТ Е „АДИДАС“, ВО МАКЕДОНИЈА Е „НАЈК“: Кои брендови ги имаат најпопуларните логоа во светот

04 мај 2018

На социјални мрежи, на банери, рекламни табли, во видеа, фотографии, графички прикази во светот се појавуваат логоата на илјадници брендови. Меѓу нив, пак, се издвојуваат логоата на производителите на спортска опрема, како и на мобилни уреди.

Според анализата на „Brandwatch“, која опфаќа преглед на сите можни онлајн платформи каде се споделуваат фотографии и визуелни прикази од брендовите во светот, логото на „Адидас“ е најзастапено во светски рамки.

Анализата покажала дека во првиот квартал од 2018 година, повеќе од 6,5 милиони фотографии од брендот „адидас“ месечно се споделувани преку „Твитер“ и „Инстаграм“. Податоците се добиени така што се скенирани фотографиите што се споделуваат онлајн, при што се „ловат“ фотографиите на кои можат да се препознаат логоа.

Скенирањето на тој начин покажало дека во април логото на „Адидас“ било најзастапено, односно на секоја минута, во просек, биле споделувани по 154 фотографии на кои бил видлив препознатливиот знак на спортскиот бренд, односно три нови фотографии во секунда.

Според истиот начин на скенирање, добиена е топ-листа на најпопуларни, односно најсподелувани логоа на бренови во светот. Така, на второ место, зад „Адидас“, се наоѓа ривалот „Најк“, чие лого било споделувано, во просек, на 5,3 милиони фотографии месечно.

На трето место е „Гугл“, со 3,8 милиони фотографии пласирани онлајн, авиокомпанијата „Емирати“ со 2,8 милиони фотографии, како и „Пума“ со 2,7 милиони фотографии. Логото на глобално познатиот пијалак, „кока-кола“, пак, било застапено на повеќе од 2,5 милиони фотографии месечно.

Голем удел во популарноста на „адидас“ е што логото се наоѓа на маичките на големите фудбалски имиња, како Кристиано Роналдо и Алексис Санчез.

Студијата на „Брендвоч“ опфаќа преглед и по региони. Така, според таа анализа, онлајн корисниците во Македонија најмногу споделувале фотографии на кои е застапено логото на „Најк“. Иста е ситуацијата и во Србија и во Црна Гора.

Во другите земји на Балканот и во блискиот регион, како Хрватска, Грција, Бугарија, Албанија, „адидас“ го има првото место.

Анализата на „Брендвоч“ опфаќа преглед на фотографии што се споделуваат од обични секојдневни настани, од спортски активности, од содржини што ги пласираат инфлуенсери, спортисти, познати личности. Во предвид се зема само првото појавување на една уникатна визуелна содржина.

Целата анализа на „Брендвоч“, може да се погледне на следниот линк.

(AdToDate.mk/Извор: BrandWatch)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме