Campaigns

ТВОЈА КОКТА, ТВОЈА РАБОТА: Екс-Ју кампања на „Кокта“ за новите генерации

30 сеп 2018

Под слоганот „Твоја кокта, твоја работа“, словенечкиот и познат екс-ју бренд „кокта“ почна нова есенска кампања што се одвива низ земјите на некогашната заедничка држава.

Кампањата е наменета претежно за милениумците, но и за помладите генерации, на кои екс-ју историјатот на „кокта“ не им е познат.

Целта на „Моја кокта, моја работа“ е да се популаризира „кокта“ како пијалак и на новата генерација, којашто се одликува со поголема независност и похрабар однос кон животни предизвици.

Снимени се видеа со млади луѓе што се занимаваат со уметност, боди-арт, спорт и коишто со своите активности се издвојуваат во околината во којашто живеат.

Во видеата, освен од Словенија, опфатени се приказни за млади лица од сите екс-ју земји.

Кампањата ја води агенцијата „Yootree“, а се одвива претежно на социјалните мрежи. Повеќе видеа од кампањата може да се видат на официјалниот „Јутјуб“ канал на „Кокта“.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме