Campaigns

ИСТРАЖУВАЊЕ НА INTERBRAND: Епл, Гугл, Амазон се најдобри глобални брендови, Фејсбук на деветто место

03 окт 2018

Гигантите „Епл“ и „Гугл“ неприкосновено, шеста година по ред, се најдобри глобални брендови, стои во најновиот извештај на „Intebrands“. Фејсбук, пак, според новите проценки загуби од популарноста и легитимноста, а тоа го чини пад на деветтото место.

Рангирањето во извештајот се базира на повеќе критериуми, како што се финансиските перформанси на брендовите, нивната улога во носењето одлуки при пазарување, но и нивната позиција во компетитивната бизнис средина.

„Епл“ воедно е прв бренд што достигнал проценета вредност од 200 милијарди долари. Вреднувањето на „Гугл“, пак, се искачила за десет проценти, односно до 155,5 милиони долари.

„Амазон“, пак, чиешто раководство најави дека ќе ги зголеми платите на сите свои вработени лица во Велика Британија и во САД, бележи раст од 56 проценти. Брендот на милијардерот Џеф Безос е на трето место со вреднување од 100,7 милиони долари.

Најголемо разочарување е „Фејсбук“. Компанијата, поради скандалите со корисничките податоци бележи пад на вредноста за шест проценти. Тоа ја постави компанијата на Марк Закерберг на деветтото место, со вреднување од 45 милиони долари.

Според рангирањето, пет најдобро растечки брендови се Амазон, Нетфликс (45%), Гучи (30%), Сејлсфорс (23%) и Луис Витон (23%).

- После една декада од глобалната финансиска криза, најбрзо растат оние брендови што интиутивно ги разбираат своите потрошувачи и што преземаат храбри потези што водат кон значајни новитети - вели Чарлс Тривеил, извршен директор на „Interbrand“.

Повеќе од половината најголеми светски брендови доаѓаат од пет сектори. Тоа се автомобилската индустрија, технологијата, финансиските сервиси, луксузот и индустријата на стоки за широка потрошувачка.

Во споредба со минатата, 2017 година, вредноста на најдобрите сто бренда, кумулативно, е зголемена за 7,7 проценти.

(AdToDate.mk/Извор: Interbrand.com)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме