Campaigns

ВОЗАЧИ, ДАЛИ СТЕ СВЕСНИ: Колку метри поминувате додека пишувате смс зад воланот?

04 окт 2018

Прашање за возачите: Дали знаете колку метри поминувате со автомобилот додека, сигурни во себе, возите и пишувате смс порака? Имате ли претстава колку е долга една порака од само три збора, додека возите со 100 километри на час.

Доколку помислите дека една порака во која би стоело „Доаѓам за пет минути“ ви одзема само дваесетина или триесет метри од патот пред вас, бидете сигурни дека сте погрешиле.

Пишувањето една таква куса порака ве става во ситуација да возите на слепо речиси половина километар. Во тој половина километар вие сте слепи и може сè да се случи на патот.

Сето ова можете самите да пресметате преку интернет порталот „Blindmeters.com“. Резултатите веројатно ќе ви отворат очи дека не треба да се пишуваат пораки на мобилен додека се вози.

Тоа во основа е главната цел на новата кампања „Blindmeters“ што се шири низ Европа, а почна во Холандија по иницијатива на меѓународната организација за безбедност на децата, (Ouders van Verongelukte Kinderen).

Кампањата опфаќа куси филмови во кои од возачите се бара да изодат пешки толку километри колку што ги чинела една обична смс порака додека возеле.

Пресметката на метрите и километрите се одвива преку онлајн-аликација на интернет страницата www.blindmeters.com. Корисниците можат самите да изберат некој пат во Европа, да ја изберат брзината на возење и да напишат куса порака (на латиница).

Со помош на алгоритми што вклучуваат обработки на податоци за патиштата преку мапите на Гугл, апликацијата пресметува колкава должина се поминува без да се гледа кон патот.

Веднаш после лансирањето, кампањата наиде на голема популарност кај корисниците на интернет. Креаторите се надеваат дека освен како забава, апликацијата ќе поттикне и одговорно отворање очи на патиштата.

Зад реализацијата на креативните видеа и на концептот на кампањата стои маркетинг агенцијата „Happiness Brussels“.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме