Campaigns

КАКО ПУТИН ПРОМОВИРА РУСКИ БРЕНД: Сам ја возеше новата блиндирана лимузина (видео)

18 окт 2018

Аурус Сенат, е новата блиндирана лимузина што ќе биде составен дел од претседателскиот возен парк на првиот човек на Русија, Владимир Путин.

Лимузината својата премиера ја имаше на авто-саемот во Москва во септември и ќе биде замена за досегашните модели „мерцедес“ што ги користеше руското раководство.

Путин ја искористи посетата на египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси за да се пофали со новото возило. Притоа, во негов стил, Путин самиот седна зад воланот и го возеше неговиот египетски колега. Возењето не беше каде било, туку на „F1“ патеката во Сочи.

Возилото, освен во седан-верзија, ќе се произведува и како „minivan“ и како теренско возило. Производител е Рускиот инжинерски институт (NAMI).

Моторот на „Aurus Senat“ е заедничко производство на Рускиот институт и Порше. Иако е познат како „Претседателски автомобил“, намерите на Русија се да да го извезува возилото во Блискиот Исток и во Кина. Продажната цена за основните модели во цивилната верзија се очекува да биде околу 160.000 долари.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме