Campaigns

ПРВПАТ И ВО ФОРМУЛА ЕДЕН: Кока-кола се избори за „пол-позиција“ на болидите на Мекларен

18 окт 2018

Логоа на познатиот светски производител на безалкохолни пијалаци „Кока-кола“ првпат ќе се појават и на патеките на Формула 1. Компанијата склучи договор за спонзорство со Ф1 тимот „Макларен“ до крајот на 2018 година.

„Кока-кола“ вообичаено спозорира спортски настани и првенства, но ова е првпат да биде склучен дговор и со тим од едно од најскапите авто-мото првенства во светот, „Формула 1“.

„Двете наши компании се иноватори и се стремиме за уште поголема поврзаност со младите. Ова наше партнерство ќе ни покаже што е тоа што го сакаат приврзаниците на пасијата кон високите октани“, вели Рикардо Форт, од „Кока-кола“.

Зак Браун, пак, од „Мекларен Рејсинг“ вели дека „Формула 1“ како спорт се менува.

„Спортот се менува, а со тоа и ние како тим. Во таа насока сакаме да ја претставиме 'Кока-кола' преку потенцијалите што ги има нашиот тим“, вели Браун.

Логоата од брендовите што се под капата на „Кока-кола“ ќе бидат поставени на болидите на двајца возачи на „Мекларен“ - Фернандо Алонсо и Стофел Вандорн, како и врз болидот на тест-возачот, Ландо Норис.

(AdToDate.mk)

 




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме