Campaigns

РЕЧИСИ НИКОЈ НЕ ЗАБЕЛЕЖА: Сериозна порака скриена меѓу познатите гради (видео)

25 окт 2018

Скулптурата на Моли Малоун е една од најпознатите во Даблин, Ирска. Градите на оваа скулптура од жена се меѓу најдопираните и најфотографираните во светот.

Сепак, иако многумина ги допреа бронзените гради, ретко кој ја забележа сериозната порака што беше „скриена“ меѓу нив.

По повод октомври, месецот посветен на борба против ракот на дојката, на едната од градите беше додадена вештачка грутка. Идејата беше да се симулира канцер на дојка.

Минувачите и туристите продолжија да ги допираат градите на скулптурата, но ретко кој увиде дека нешто не е во ред.

Се работи за кампања именувана „Take notice“ што ја води фондацијата Мари Китинг (Marie Keating ) заедно со креативната агенција „Rothco“. Нивната цел е да се едуцира населението за да знае кога е време да се реагира за да се спречат серозните последици од ракот на дојка.

Месецот посветен на кревањето свест за превенција од ракот на дојка се изгуби во морето од розови панделки. Тоа е месец во кој сериозно треба да се едуцираат жените за навремено детектирање на промените на нивните гради. Познатата скулптура и нејзините 'познати' гради беа идеална прилика за тоа“, вели Кети Трој од „Rothco“.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме