Campaigns

БОРБА ПРОТИВ ЗАВИСНОСТИ: Бутик во Амстердам разменува спортска облека за наркотици (видео)

25 окт 2018

Еден џоинт, за спортска блуза или маица. Тоа е цената на новиот спортски бутик што брендот „Bjorn Borg“ го отвори во Амстердам.

Колку и да звучи неверојатно, продавницата е реална и е дел од кампања што познатиот спортски бренд ја насочи кон надминување на зависноста од наркотици и алкохол.

Мотото на оваа кампања е дека не мора да се биде под дејство на наркотици, за човек да се чувствува добро. Односно, дека спортската облека има подобар ефект од самите наркотици.

Компанијата нудеше дел од своите производи во замена за секакви видови наркотици, од лесни, до тешки. Изненадувачки е колку голем одѕив доби оваа нивна акција.

Во продавницата се појавија десетици млади лица коишто „плаќаа“ со џоинти, трева и разни наркотични средства.

Големиот број „муштерии“ во бутикот има два показатела. Првиот, којшто не е светол, зборува дека голем е бројот на млади лица што користат дроги.

Другиот аспект, пак, којшто е посветол, посочува дека постои свест за оставање на наркотиците во замена за други, поздрави облици на задоволство.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме