Campaigns

АНАЛИЗА: Потрошувачите сакаат да комуницираат со брендовите како со луѓе

21 ное 2018

Потрошувачите сакаат комуникацијата со брендовите да биде отворена и искрена, како со луѓе. Тоа го покажала нова студија на агенцијата „Форестер“ што се занимава со истражување на состојбите на американскиот пазар.

Во извештајот од студијата се вели дека потрошувачите повеќе ги вреднуваат брендовите што со нив зборуваат како и со секој друг човек, што го ценат нивното време и што комуницираат со прифатлив тон.

Заменик претседателот на „Форестер“, Dipanjan Chatterjee, вели дека, потрошувачот може уште од далеку да види дали нешто не е во ред. Затоа комуникацијата што ќе доаѓа од брендот, мора да ја рефлектира компанијата како личност. Во спротивно, комуникацијата ќе биде сосема неавтентична.

„Увидовме три вида на човечка комуникација. Тоа се емоциите, природниот тон и емпатијата што дава личен белег во комуникацијата“, вели Chatterjee.

Според извештајот, 60 отсто од брендовите се држеле до човечка комуникација. Тоа е особено значајно зашто 57% од потрошувачите се изјасниле дека тој тип комуникација им ја зголемува довербата кон брендовите. Педесет и осум проценти, пак, нагласиле дека човечката комункација им е поттик да потрошат пари за тој бренд.

Во анализата се истакнува и дека луѓето дупло повеќе ги сакаат брендовите што имаат човечка комуникација и за 1,8 пати повеќе се спремни да го препорачаат тој бренд.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме