Campaigns

АКЦИЈА ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ: Дизајнирани емотикони за поддршка на лицата со Даунов синдром (видео)

25 ное 2018

Во просек секое 1.000-то новородено дете е со Даунов синдром. Овие лица во современото општество се често избегнувани и изложени на игнорирање поради неосновани предрасуди кон нив.

Сепак, благодарение на бројни непрофитни организации, на светско ниво веќе расте свеста дека таквите предрасуди треба да се искоренат, а тие лица да бидат вклучени во општеството.

Дел од тие акции е новата дигитална кампања на две бразилски Асоцијации од родители на лица со хендикеп. Во соработка со агенцијата BriviaDEZ, дизајнирани се емотикони во кои препознатливите „смајлија“ наликуваат на изрази од лица со Даунов синдром. Целта е да се укаже дека и лицата со тој хендикеп, се нормални.

Новите емотикони можат да се пребаруваат под терминот „IncluMojis“. Во видеото подолу е објаснето како можат да се користат. Повеќе за оваа кампања може да се види и на официјалната интернет страница.

 

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме