Campaigns

ИКЕА РАЗВИВА НОВ БИЗНИС-КОНЦЕПТ: Старите предмети можат одново да се користат

26 ное 2018

Глобално популарниот производител на мебел, „Икеа“, сè повеќе ја нагласува својата нова идеологија - одново користење на старите предмети.

Причина за тоа се светските движења за заштита на околината, за штедење на природните ресурси и за употреба на рециклирани материјали.

Од шведската компанија веќе најавија нов концепт на одржлив бизнис кој треба да застане на нозе до 2030 година. Во основа на нивниот бизнис план е идејата да им се даде „втор живот“ на веќе употребените предмети во домот.

Оваа циркуларност, според замислата на компанијата, подразбира пренамена на старите предмети, нивна поправка или, пак, нивно рециклирање.

Дел од таа кампања е рекламното видео за „Тажната ламба“, којашто откако беше оставена на улица, доби своја нова намена со замена на сијалицата.

Во таа насока е и новото празнично видео, во кое стариот ормар, оставен во гаражата, маѓично се претвора во полица за млад маѓионичар.

Зад рекламното видео стои канадската агенција „Rethink“, а клиент е Икеа - Канада.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме